Виктор Исјановски досегашниот в.д. е назначен за директор на Здравствениот дом во Скопје, потврдија од Министерството за здравство. За ова директорско место конкурирал и поранешниот директор Злате Мехмедовиќ, кадровик на СДСМ кој беше разрешен пред неколку месеци, а на социјалните мрежи се правеше петиција и се собираа потписи меѓу неговите приврзаници, за негово повторно назначување.
Се дознава дека Мехмедовиќ денеска е разрешен и од местото Советник за специјалистичка дејност во Здравствен дом, на кое сам инсистирал по неговото разрешување. Информацијата беше потврдена и од директорот Исјановски.
„Да, точно е. Денеска го разрешив од функцијата Советник за специјалистичка дејност бидејќи тој замина на супспецијализација на Клиниката за пулмологија и не се појавува на работното место.“, изјави Исјановски.
Во текот на денот се очекува официјално да бидат назначени и другите директори во Јавните здравствени установи во државата. Промена има и на Клиниката за детски болести каде за директорка е назначена Наташа Алуловска.