Резултатите од најновото истражување спроведено во Велика Британија покажуваат дека растојанието од 8 недели меѓу двете дози вакцини на Фајзер е најдобрата разлика во однос на реакцијата на имунолошкиот систем против делта сојот на ковид-19. Овие резултати ја поттикнале власта во Велика Британија да го продолжи растојанието помеѓу првата и втората доза на 12 недели од првично зададените 3 недели.
– Осум недели изгледа дека е најдобро временско растојание помеѓу двете дози во битката против делта сојот, велат тие. Студијата е финансирана од државата, а објавена е во драфт верзија и сè уште не е рецензирана.
За потребите на студијата научниците го споредувале имунолошкиот одговор на 503 лица кои примиле две дози од вакцината во различен временски период од крајот на 2020 година до почетокот на 2021 година во моментот кога алфа сојот, односно британскиот сој засилено се ширел. Нивото на антитела во нивната крв се мереле еден месец по примената втора доза. Ова се некои од заклучоците:
– И краткиот и долгиот интервал на дозирање на вакцината Фајзер генерирал силен имунолошки одговор во целина.
– Растојанието од три недели произвел помалку неутрализирачки антитела кои се лепат за вирусот и го спречуваат во заразувањето на клетките во однос на растојанието од 10 недели.
– Нивото на антителата паѓа по првата доза, но нивото на Т клетките -друг вид на имунолошки клетки – останува висок.
– Подолгото растојание помеѓу две вакцини доведува до помал број на Т клетки во целина, но до поголемо учество на одреден тип или подтип, наречен помошни Т клетки, кои според истражувачите ја засилуваат имунолошката меморија.
Наодите од најновата студија исклучително се значајни не само за Велика Британија туку и за целиот свет, помагаат подобро да ја разбереме механиката на нашиот имунолошки одговор на ковид-19 и важноста од добивање на двете дози, посочи министерот за вакцинација Надхим Захави.