Од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус Ковид-19, повеќе од 2000 луѓе беа тестирани како позитивни, вклучувајќи ги и оние кои починаа и оние кои закрепнаа, изјави Анџело Борели од оделот за цивилна заштита.
Бројот на починати од новиот коронавирус во Италија во изминатите 24 часа се зголеми за 18 и сега изнесува 52 жртви. Првиот човек кој починал бил 88 годишен маж кој веќе имал одредени здравствени потешкотии.
Северниот дел од Ломбардија е најпогодениот регион во Италија со најголем број на смртни случаи. Директорот на агенцијата информира дека од луѓето кои први биле заразени, 149 закрепнале. Оние кои починале биле повозрасни, повеќето на возраст над 80 години и боледувале од различни состојби вклучувајќи и рак, а истите и веќе биле сместени во болничките установи кога им бил детектиран вирусот.
Италија е земјата која е напогодена во Европа, со извршени повеќе од 23 300 тестови за коронавирус Ковид-19 досега и вкупно 11 градови ставени под карантин.
Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека бројот на заразени се искачил на 2.036, додека вчера изнесувал 1.692.