Саудиска Арабија го објави својот прв случај на новиот коронавирус

Во Саудиска Арабија е регистриран првиот случај на пациент заразен со новиот коронавирус, соопшти саудиското Министерство за здравство. Лицето заразено со вирусот дошло од Иран преку Бахреин. Јордан и Тунис…

Во Саудиска Арабија е регистриран првиот случај на пациент заразен со новиот коронавирус, соопшти саудиското Министерство за здравство. Лицето заразено со вирусот дошло од Иран преку Бахреин.

Јордан и Тунис исто така се приклучија кон објавите за потврден прв случај на Ковид-19, додека пак во Иран бројот на жртвите се зголеми на 66, што претставува најголем број надвор од границите на Кина. Заразата продолжува да се шири низ средниот исток.

Република Чешка, Шкотска и Доминиканската Република ги потврдија своите први случаи, додека пак Индонезија ја објави својата прва жртва од вирусот.

Портпаролот на саудиското Министерство за здравство вчера соопшти дека земјата подготвила 25 болници во случај да се потврди случај на Ковид-19.

Повеќе од 89 000 луѓе низ 58 држави сега се заразени, додека пак бројот на жртви на глобално ниво надмина 3000.


Related Articles