Министерот за здравство Фатмир Меџити и директорот на Пулмологија, д-р Дејан Доќиќ сметаат дека не е доцна за вакцинирање, на располагање има уште вакцини. Според д-р Докиќ за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави.-Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира- објаснува д-р Докиќ. На Инфективна клиника во Скопје во моментов хоспитализирани се десетина пациенти заболени од сезонски гри, а кај тројца е дијагностициран и коронавирусот

Расте бројот на заболените со сезонски грип во Македонија, но за среќа најголемиот дел од пациентите се лекуваат амбулански, а помалку се хоспитализираат.На Инфективна клиника во Скопје во моментов хоспитализирани се десетина пациенти заболени од сезонски гри, а кај тројца е дијагностициран и коронавирусот. Според министерот за здравство Фатмир Меџити станува збор за иста фамилија на вируси и начинот на лекување е сличен.

-Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, кажа Меџити на денешното отворање на дијагностичкиот центар на Клиниката за Пулмологија и препорача да се имунизираат граѓаните со вакцините што штитат од инфлуенца.

Директор на Клиниката за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ, посочи дека и кај нив се лекуваат пациенти со грип.

– Од хоспитализираните една пациентка е во навистина тешка состојба, која е позитивна на инфлуенца, со пореметување на самата респирација но и на свеста. Во моментов преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор- вели д-р Докиќ.

И тој како министерот препорачува да имунизација, како заштита од сезонски грип.

-Не е доцна за вакцинирање, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави.Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира- објаснува д-р Докиќ.

Што се однесува за заболувањата кај пациентите пушачи, д-р Доќиќ вели дека новодијагностицираните случаи на белодробен канцер е сличен како и претходните години.

– Со Министерството за здравство се работи програма за рана дијагноза на белодробниот карцином што е број еден карцином по смртност кај мажите, а трет кај жените. Со оваа програма, верувам дека ќе придонесеме рано, во почетните стадиуми да се откријат пациенти со белодробен карцином, за да можат ефикасно и успешно да се лекуваат, укажаува д-р Докиќ.

Меџити информираше дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж.

Инаку новиот центар на Пулмологија е опремен со современа медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство. Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС – ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп.

-Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа клиника, изјави Меџити и дополни дека обезбеден е и ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли.

Според министерот новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија.