Во текот на 2-ра недела од 2024 година (08-14.01.2024), во Македонија се пријавени 1.182 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип (ИЛИ), 15,3% повеќе во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона е намален за 12,2%.

Во текот на 2-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 49 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2).

Притоа, детектирани се 26 позитивни случаи на Influenza, 22 А(H1)pdm09, еден Influenza А(H3) и 3 Influenza А – несубтипизиран. Регистрирани се 5 пациенти со респираторен
синцицијален вирус (RSV) и еден пациент со SARS-CoV-2.

Заболените се пријавени од 24 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 186, Битола – 168, Дебар – 153, Тетово – 143, Гостивар – 123, а во останатите, бројот на пријавени е помал од 100.

Општината со многу ниска инциденца, односно без грип е Ресен, сезонска инциденца има во Прилеп и Крушево, а Битола и Демир Хисар се во шесте општин во државата со средба активност на вирусите. Висока инциденца има во Свети Николе, а највисока во Дебар.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Гостивар кое било хоспитализирано во КИБФС. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети (кардиоваскуларни и белодробни) и не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.