Од Здравствениот дом во Скопје велат дека во завршна фаза е реализацијата на конкурсите за персонал, кои беа пролонгирани поради изборите. За многу кратко време ќе ги имаме лекарите кои се потребни за да ги пополнат испразнетите места во итната медицинска помош, вели доктор Злате Мехмедовиќ.
Со зголемувањето на температурите ова лето граѓаните очекуваат да стане минато долгото чекање на итната помош што е проблем и за Скопје, а особено во помалите места каде најмногу се чувствува заминувањето на здравствениот кадар од државата.
Беа вложени пари за набавка на нови возила, но од тоа граѓаните се уште не почувствуваа поголеми подобрувања затоа што недостига персонал.
Во Скопје, како најголема општина во државата, засега има шест екипи кои работат на терен и примаат покани од ургентна природа. И покрај неодамнешното зголемување на бројот на возила, лекарите веќе подолг период велат дека сме далеку од европските стандарди според кои на 15 000 жители има еден тим.
И самите директори на здравствен дом и министерот и на влада премиерот се свесни дека вака не се води брза помош. Една од најбитните ако не и најбитната служба кога станува збор за човековото здравје. Доктори си заминуваат, малку се платени, трпат разно разни притисоци и местенки од колегите, нема персонал, малку возила на располагање, а градот Скопје и граѓаните си имаат секојдневни потреби, некој и повеќе и поради тоа ИМП службата треба да функционира беспрекорно. За да може да има доволно возила или солиден минимум треба ИМП да поседува повеќе од 60-тина возила за град како Скопје.
Каде е градскиот татко Шилегов да ја презентира својата грижа за своите сограѓани, каде е министерот Филипче да ја презентира функционалноста на вака екипираната Медицинска помош?
Каде е Филипче да објасни зошто се згаснати пунктовите на ИМП во Драчево, во Чаир, во Ченто и во Ѓорче Петров? Врз база на неговата способност за менаџирање со министерството и неговите структури и служби меѓу кои и ИМП министерот Филипче успеал да натера доктори со платени специјализации да избегаат и да си заминат од службата поради нехумани услови за работа и нехумани смени, кои згора на се и не им се платени!
Поради сите овие низа работи и многу поголемото нефункцонирање на здравството во целост моментално во Македонија, во текот на ноќта претходниот ден при тешка сообраќајна незгода на патот Пинтија – Драчево потребно било повеќе од 30-тина минути за да дојде возило на Брза помош и 45 минути се чекало да дојде возило на против пожарната служба. Две лица починале. Дали Филипче има воопшто грижа на совест и се чувствува виновен за нефункционирањето на здравството во МК? За сите жртви и изгубени животи, на кои не успеал да им помогне индиректно преку неквалитетно водење на службите, структурите и министерството за здравство во целост? Народот бара и заслужува одговори. Кога Филипче?