Имав рак на грлото на матката, потоа следуваа лекување, операција и зрачење. Сето тоа помина успешно. Меѓутоа, почна прерана хируршка менопауза, а со неа и валунзи, несоница, нервна напнатост и постојана плачливост. Кои тревки би можеле да ми ги препорачате за да го подобрам моето субјективно чувство?“, прашува нашата читателка Елена од Битола.
На прашањето одговори треварката Алјевтина Кремњева, соработничка во „Руски доктор“.
1 Лековитата бања го доведува во ред нервниот систем и го смирува и подобрува сонот. Иситнете и измешајте по 100 г свежи листови и стебленца од пелин и свежи пупки од нане. Мешавината прелејте ја со три литра вода, оставете ја да отстои два часа, ставете ја да зоврие, па варете ја на тивок оган десет минути, а потоа исцедете ја. Одварот сипете го во топла бања. Останете во водата 15 минути. Процедурата практикувајте ја пред спиење.
2 Билниот чај ја нормализира функцијата на целиот ендокрин систем и го подобрува имунитетот. Измешајте по едно лажиче тревка велигденче, конски опаш и иситнет корен од иѓирот. Едно лажиче од смесата прелејте со 200 мл зовриена вода, оставете го да отстои 15 минути, па исцедете го. Чајот пијте го топол, по 100 мл три-четири пати на ден.
3 Одварот од црвена детелина има смирувачко дејство, ги отстранува валунзите, проблемите со мокрењето, го подобрува расположението. Две лажици иситнети цветови од црвена дателина прелејте со 200 мл зовриена вода, оставете го да отстои еден час, па исцедете го. Пијте по 50 мл одвар, четири пати дневно. Лековитата кура трае еден месец. По една недела курата можете да ја повторите.
4 Тинктурата од ливчиња од градинарски божур има аналгетско, седативно, смирувачко и антидепресивно својство. Можете да ја направите во домашни услови. Свежи ливчиња од божур исушете на температура од најмногу 40 степени. Потоа 50 г суви ливчиња наредете во стаклена тегла, прелејте ги со 100 мл вотка и оставете ги на темно место да отстојат осум дена. Земајте по десет капки од тинктурата со 50 мл вода, два-три пати дневно. Курата трае две недели. По подобрувањето на состојбата, прекините со нејзината употреба.