Од почетокот на епидемијата на морбили во Скопје од месец декември до сега, се регистрирани околу 900 лица заболени од ситни сипаници на целата територија на земјава. Најголемиот број на регистрирани лица со морбили се регистрирани во Институтот за јавно здравје во Скопје, но има и регистрирани пациенти со мали сипаници и во останатите центри за јавно здравје во внатрешноста на република Македонија.

Рената Дескоска, министерката за правда, денеска изјави дека е препорачливо да се тргне цензусот како критериум во претседателските избори во Македонија.

Било кој метод да се истера работата по теркот на заев е оправдан за овие избори и нештата колку и да немаат логика, секторските министри лудилото мораат да го тераат и реализираат докрај и во целост во спротивно ќе ги сменат од минситерските места и нема да може да продолжат со уништувањето и разнебитувањето на здравството, образованието, социјалата и сите други сегменти од живеењето на македонецот во денешнината. Во нашата Македонија, во нивната Северна.

Така и лудилото да се избере претседател во парламентот е според нив оправдано и тие го продолжуваат тоа со следните изговори да го агитираат:

– Менувањето на Уставот со цел да се олесни процесот на избор на претседател е нешто што веќе е препорачано и од ОБСЕ односно ОДИХР. Неколку пати е посочено од Венецијанската комисија дека цензусот што постои во Уставот за избор на претседател е нешто што не е соодветно и мора да биде тргнато, истакна таа на новинарско прашање за време на Европската конференција за медијација – посочи Дескоска