Лукот, пред повеќе од 5.000 години е прогласен за лековит, а до тоа тврдење стојат и современите научници и не ги отфрлуваат моќните дејства кои тој ги има на човечкиот организам.
Меѓутоа, освен лукот, експертите се согласиле дека и неговата лушпа која најчесто ја фрламе во ѓубре има изразено лековити својства.
Сите можеме едногласно да се согласиме дека лушпата ја фрламе во кантата за отпадоци не знаејќи дека и таа има голем удел во нашето здравје и имунитет.
![](https://tocka.com.mk/images/content/inside/2019-11/aSPQIV2igS-ja-frlame-vo-gjubre-a-pozdrava-e-od-lukot-ovoj-del-od-rastenieto-go-namaluva-nivoto-na-holesterol-i-go-cuva-srceto.jpeg)
Лушпата од лукот е полна со фенилпропаноид кој е преполн со антиоксиданси, а многумина од науниците тврдат дека лушпата има посебни свјства кои се побогати и поздрави од состојките на самиот лук.
Во лушпата има спој на флавонол кој е богат со растителни влакна и го намалува крвниот притисок.
Самото тоа докажува дека таа е добра за срцето, го намалува холестеролот, но и многу други работи кои во секој случај се добри за човековото здравје.