Ректорот на УКИМ професор д-р Никола Јанкуловски во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма вели дека Независниот академски синдиката во целокупното постоење од 5 години како и Синдикатот за образование, наука и култура не направиле ништо во однос на покачување на платите на професорите во високото образование.
-Независниот академски синдикат за целокупното време од своето постоење околу 5 години фактички ништо не направи за стандардот на вработените односно на професорите. Не постигна дури ни репрезентативност. Слична е ситуацијата и со СОНК. СОНК направи за основното и средното образование, меѓутоа за високото и професорите воопшто ништо не направи во контекст на покачување на платата на професорите, изјави Јанкуловски.