Јадењето пржени или печени јаткасти плодови нема да донесе никаква корист, напротив, му штети на вашето здравје.
Според нутриционистката Марија Мукина, јаткастите плодови губат дел од своите корисни својства за време на пржењето. Покрај тоа, во нив се акумулираат штетни материи. Тоа се случува поради фактот што при пржењето се уништуваат многу витамини и здрави масла, а наместо нив се појавуваат нездрави материи.
Јаткастите плодови во нивната оригинална форма се најздрави. Пред консумирање, јаткастите плодови треба да се потопат во вода час или два за полесно да се вари.
Оваа храна е покриена со фитинска киселина која се врзува за минералите во гастроинтестиналниот тракт и не може да се апсорбира во цревата, што кај некои може да предизвика дигестивни проблеми.
Исто така, со натопување на јаткастите плодови добиваме повеќе протеини, масни киселини, витамини од групата Б, калиум и магнезиум.
Јаткастите плодови содржат и влакна потребни за нормализирање на работата на цревата, регулирање на нивото на шеќер во крвта и намалување на количината на „лошиот“ холестерол, пренесува Index.hr.
На луѓето со алергија на јаткасти плодови им се препорачува да бидат внимателни. Исто така, подобро е да ги избегнувате ако страдате од гастроинтестинални заболувања и панкреатитис.