Почитувани,
Ден Дончев бега, а Жути зема тендери. Распука дел од криминалната тендер коалиција. Дончев пакува куферите а Жути ја полни сметката.
Криминалниот тендер со стентови во Клиничката болница во Штип, беше само вовед во тоа што јавноста допрва ќе слуша. Веќе е направена шемата за нов криминален тендер, кој ќе се случува по веќе видено сценарио.
Имено, Клиничката болница од Штип и покрај тоа што од пред неколку години поседува имунолошки анализатор од марката Абот Архитект, сега повторно доби нов таков анализатор, кој ќе работи само со еден вид затворен круг реагенски. Ако знаеме дека во ваквите шеми, главен лик е Жути, веднаш можеме да претпоставиме што ќе следува.
Токму фирмата на Александар Јовановски – Жути е таа што ги набавува реагенсите за овој анализатор. Нашите информации посочуваат дека тендерот за набавка на реагенсите ќе изнесува 8.300.000 денари.
Иако тендерот за реагенси во Клиничката болница Штип се‘ уште не е распишан, за кратко ќе се увери јавноста во ова за кое предупредуваме.
Почитувани,
Со овие информации сакаме навремено да ја информираме јавноста за шемите на Филипче со раководството на Клиничката болница во Штип, а кои се во тесна соработка со фирмата на Александар Јовановски – Жути.
Затоа, предупредуваме! Тендерот за реагенси е веќе наместен и спецификацијата е напишана според потребите на фаворизираната фирма, кое упатува кон уште еден криминал од епски размери.