Истражувањето посочува дека ако се прекинат сигналите што рецепторите на јазикот ги испраќаат кон амигдалата – дел од мозокот одговорен за вкусови, потребата за јадење благо, се намалува.
– Така, кога ќе каснете од омиленото чоколадо, ја нема насладата. По неколку гризнувања можете да запрете, што во нормална ситуација не би го направиле – објаснува д-р Ли Ванг, водач на истражувачкиот тим.
Tој додава дека претходните истражувања покажале дека има јасна граница меѓу центрите во мозокот поврзани со слаткиот и горчливиот вкус.
– Тоа значи дека можеме да ги набљудуваме тие два дела од мозокот, со што резултатите доаѓаат побргу – вели тој.
Во експериментот, сигналите за слатко или горчливо кон амигдалата биле прекинати. И тогаш глувчето можело да прави разлика меѓу двата вкуса, но без емоционални реакции, како уживање во благото и избегнување на горчливото. Ова сознание може да помогне при диетите, третирањето дијабетес, но и лекување заболувања поврзани со храната, сметаат научниците.