Ако секојдневно ги почитувате следниве совети, ќе успеете да ги задржите белите влакна во зачеток.
Колку повеќе пушите, толку косата повеќе ви побелува
Кога зборувавме за лошите избори во животниот стил, мислевме токму на ова – пушењето. Пушењето го забрзува процесот на стареење на целото тело, вклучително и косата. Првото нешто што треба да го направите е да се откажете од оваа лоша навика.
Збогум на кафето, алкохолот и брзата храна!
Премногу алкохол и кофеин, како и брза храна се штетни и за здравјето и за косата. Тие само можат да предизвикаат предвремено стареење. Избегнувајте брза храна, ограничете го внесот на бело брашно и рафиниран шеќер. Оваа храна го намалува нивото на енергија, а не добивате ништо за возврат од нив. На вашата коса и требаат здрави намирници за да остане млада.
Вода е името на играта!
Ако не сте доволно хидрирани, хранливите материи нема да можат лесно да стигнат до вашите фоликули на косата. Токму недоволната хидратација може да предизвика предвремено белеење на коса
Дали сте под стрес?
Белата коса може да биде предизвикана од стрес и анксиозност. Ако сте долго време во некаков стрес, нервоза, ако сте вознемирени или загрижени, може да се доведете во позиција косата побрзо да ви побели. Контролирајте го стресот со тоа што ќе вежбате техники за релаксација: јога, длабоко дишење, медитација, таи чи чуан и др.
Добар душек – помалку бели влакна
Добриот сон навечер е одличен начин да се намали стресот и да се одржат телото и косата млади.
Секојдневното вежбање помага
Добрата циркулација на крвта, како и нормалниот крвен притисок е основа за да се спречи појавата на седа коса, како и можност до косата да стигнат сите материи кои и се потребни за добриот изглед. Всушност, речиси е бескорисно да се консумира соодветната храна, ако тие не можат да стигнат до фоликулите на косата. Обезбедете и на главата добро снабдување со крв, така што косата ќе ја масирате редовно со соодветни масла. Вежбајте секојдневно за да ја зголемите циркулацијата и да го подобрите протокот на крв.
Јадењето пилешко може да ја намали појавата на седи влакна? Многу!
За производство на меланин, пигмет одговорен за производството на бојата на косата, потребни ви се протеини. Затоа, јадете храна богата со протеини како: пилешко и мисиркино месо, никулци, житарици и соја.
Земајте витамини од групата Б – Б2, Б6, Б12
Недостатокот од овие витамини може да предизвика појава на бели влакна. Затоа, јадете леб од цело зрно, банани, јајца, млечни производи, живина и зелен лисест зеленчук.
Вие сте она што го јадете. Јадете го ова, а не она!
Недостатокот на бакар, исто така може значително да предизвика предвремено белеење. Еден од начините да се спречи оваа појава е да се јаде храна богата со овој елемент како: спанаќ, говедски црн дроб, семки од сончоглед, леќа, бадеми, морски плодови, жолчка од јајце и печурки.
На вашето мени ставете ја храната богата со јод
И јодот е важен минерал за вашата коса. Храна богата со јод е бананата, морковот, спанаќот и рибата.
И селен!
Вклучете го и селенот во менито. Во тоа ќе ви помогнат: школките, туната, лососот, пченката, пченицата, сојата, бразилските ореви и семките од сончоглед.
Масирајте го скалпот
Масирајте го скалпот со кокосово масло и лимон. И тоа е добар начин за да ја одржите косата со младешки изглед. Но ако навистина сакате да имате корист од масажите, ќе мора да ги правите редовно.