Со напорните денови и тешките временски услови, лесно е да се посегне кон нешто благо неколкупати во текот на денот со цел да се задоволи потребата. Но, ако се надмине дневната препорачана количина на шеќери може сериозно да се загрози здравјето.
Поради тоа, најдобро е да избегнувате да внесувате многу шеќери и наместо тоа да преземете неколку чекори кои ќе ви ја намалат желбата за благо.
Нутриционистот Џесика Себел укажува на 10 лесни чекори кои ќе ви помогнат да чувствувате помала желба за благо. Навистина е важно да внесувате доволна количина на шеќери во текот на еден ден, но некои производи имаат штетни шеќери кои на никој начин нема да ви помогнат да се чувствувате подобро.
- Пијте јаболков оцет
Според Џесика Себел, најдобро е да се додадат две лажички јаболков оцет во големо шише со вода и да се пие од истото во текот на денот. Ова со сигурност ќе ви ја отстрани желбата за благо.
- Редовни оброци
Секогаш придржувајте се кон редовниот распоред за доручек, ручек и вечера. Колку поредовно јадете, толку подобро телото се навикнува на храната.
- Наутро јадете овошје
Себел вели дека јадењето овошје наутро значително ја намалува потребата од благо во текот на целиот ден. Таа вели дека нема потреба да се форсирате да јадете многу овошје, туку само доволно за да го регулирате шеќерот во крвта.
- Јадете домашни грицки
Најголемиот проблем во исхраната најчесто е пристапот до нездрави грицки по кои веројатно посегнувате кога имате желба да внесете храна која не е „вистинска храна“. Наместо да го измачувате желудникот, можете дома да подготвите здрави грицки од овошје и зеленчук.
- Лимонов сок
Многу истражувања дојдоа до сознанието дека 2-3 кафени лажици лимонов сок го намалуваат нивото на шеќер во крвта за 8-12%. Поради тоа, можете да го консумирате со јадење, пиење, а некои дури го ставаат и во утринското кафе.
- Внесувајте повеќе протеини и здрави масти
Консумирањето на здрава доза на протеин преку црвено месо, пилешко месо и риба, како и додавањето на доволно здрави масти преку јадење авокадо и кокосово масло ќе ги одржат вашите нагони за благо доволно умерени за да можете да ги поднесете.
- Магнезиум
Себел е силен приврзаник на магнезиумот и дневно внесува над 500 милиграми магнезиум за да ја одржи глукозата во крвта. Тој може да се најде во бадеми, спанаќ и црн грав.
- Храна со многу влакна
Прехрамбените влакна се многу важни за добра дигестија, но покрај тоа тие ве одржуваат сити и ја намалуваат шансата дека во текот на денот вашето тело ќе побара да внесете повеќе шеќери.
- Останете смирени
Желбата за благо многу често е поврзана со зголемениот стрес. Затоа, пробајте да се опуштите со пешачење, читање книга или едноставно отспијте неколку часа.
- Попладневна ужина
Поголемиот дел од луѓето кои работат секојдневно ќе знаат за што зборуваме кога велиме „попладневен пад на енергијата“. За да го елиминирате тоа чувство, најдобро е некаде околу пладне да имате здрава ужина која ќе ве држи во текот на денот.