Црниот дроб или хепарот е најголемата жлезда во човечкото тело која важи за најважната биохемиска лабораторија на организмот. Во црниот дроб се одвиваат повеќе од 500 различни активности, а ако некоја функција затаи настапува смрт во рок од 10 часа. Тому затоа е важно да препознаете дали се соочувате со оштетен црн дроб или не.
Ова е листа на 10 можни симптоми на оштетен црн дроб:
1. Често имате проблеми со стомакот, чувствувате гадење, мачнина и повраќате.
2. Губите апетит. Црниот дроб го намалува производството на жолчка, па затоа не чувствувате глад.
3. Чувствувате умор и слабост поради зголеменото количество на токсини во организмот кои црниот дроб ги нема преработено.
4. Имате нередовна столица и слабо варење, поради недостаток на жолчка која ја раствора храната.
5. Имате променета боја на столица. Ако е жолта, сива или со боја на глина, тоа би можело да претставува проблем.
6. Промена на бојата на урината, иако пиете доволно вода.
7. Задржувате вода, ви отекуваат зглобовите и стапалата.
8. Подуеноста може да биде резултат на таложење течности поради оштетувањето на црниот дроб.
9. Може да се појави иритација на кожата како последица од неправилната работа на црниот дроб.
10. Чести грчеви и болки во стомакот.
Секогаш имајте на ум дека начинот на исхрана влијае на здравјето на црниот дроб, бидејќи лошите навики се оние кои го отежнуваат неговото работење и предизвикуваат различни оштетувања.