Откажувањето од цигарите е еден од најтешките потфати при лечење на голем број зависности бидејќи се смета дека никотинот како и психофизичката зависност кај пушачите се тешко надминливи. Затоа во чуден експеримент во Израел направен е обид врз пушачите да се влијае со лоши мириси покрај чадот од цигарите додека тие спијат.
„Непријатните мириси имаат поголем ефект кога лицето не е свесно“, објаснува авторот на студијата д-р Анат Арзи од Инситутот Вајцман во Израел. – Овој метод треба дополнително да се испита, за да се утврди дали помага долготрајно да се ослободиме од некои лоши навики како што се алкохолизмот, прејадувањето, пушењето…“
Додека учесниците од експериментот спиеле, дел од нив биле изложени на чад од цигари, помешан со не толку пријатни ароми на расипана риба и јајца.
Оние кои биле изложени на оваа смрдлива терапија во текот на втората фаза од сонот – фаза која е важна за учење и памтење – следниот ден пушеле за 48% помалку цигари.
Покрај тоа, во просек, во текот на следната седмица пушеле 34% помалку цигари од вообичаено. Меѓутоа, непријатните ароми немале ефект на учесниците кои во будна состојба биле изложени на овие „мириси“.