Менструалните болки се честа појава. Повеќето жени се соочуваат дури и со силни акутни болки кои вклучуваат главоболка, гадење, повраќање и надуеност. Тие се најсилни во текот на првите два дена од циклусот, но можат да потраат и до четвриот ден. Токму затоа еве неколку совети како да си помогнете себеси во оние денови од месецот:
– Масажа на стомакот со етерични масла од камилица, јасмин или жалфија. Грчевите и болките ќе се намалат.
– Билен чај подготвен од мешавина на малини, нане и лимон дава одлични резултати во намалување на болките.
– Ѓумбирот исто така е одличен лек за болните менструации, а од него може да направите чај или да го користите свежо изрендан како додаток за чај.
– Сварете неколку листови босилок. За да ви биде полесно во текот на целиот циклус, пијте по еден мал филџан на секој час (само за време на менструалниот циклус). За да го поправите вкусот, додајте цимет во прав.
– Чајот од магдонос е исто така многу делотворен во намалувањето на болките и смирувањето на грчевите.