Грипот е заразна болест на респираторниот систем кој обично се пренесува преку воздухот со кашлање или кивање, создавајќи аеросоли коишто го содржат вирусот.
Ни претстои сезоната на настинки и грип, па Guardian дава неколку совети како најефикасно да ги ублажите симптомите на грип.
Распрашајте се за антибиотици
Доколку имате симптоми на грип, веднаш побарајте рецепт од вашиот лекар за некој антибиотик. Антибиотиците се најефикасни во првите 48ч. затоа што ќе го намалат траењето на грип за еден ден. Особено е важно да се заштитите доколку имате дијабетес или срцеви заболувања.
Одмарајте се
Истражувањето покажа дека оптималната количина на сон го одржува имунолошкиот систем здрав и за телото е пресудно да одржува адекватен број на бели крвни зрнца т.е да се бори против инфекцијата. Исто така, може да спречат да не добиете грип, затоа што така телото произведува антитела за да ве заштити.
Внимавајте што јадете и пиете
Без разлика дали станува збор за топла супа, вода или овошен сок, многу лекари веруваат дека е важно да пиете најмалку осум чаши од 250 милилитри на ден за време на тешкиот грип. Вообичаените симптоми на грип, како што се потење и течење на носот, ја зголемуваат количината на вода што вашето тело ја губи, така што внесувањето на течности спречува дехидратација.
Храната богата со витамин Ц, како што се киви и зелени пиперки, моркови, сладок компир и тиквички, можат да помогнат во зајакнувањето на вашиот имунолошки систем.
Чувајте ја оптималната температура и останете дома
Одржување на топлина во телото кога за првпат се појавуваат симптоми на грип е исклучително важно за да телото заштеди енергија за „имунолошката борба“ која му претстои. Лекарите препорачуваат да останете дома и да не одите на работа. Потребно ви е да се одморите и да не го ширите вирусот. Ова исто така може да го намали ризикот од компликации како пневмонија.