Секојдневно граѓаните во Република Македонија се жалат дека лекови има само до 5-ти во месец, а потоа нема или не се достапни до нив. Поради секојдневните поплаки на граѓаните ФЗОМ преку рамномерна распределба планира да ги направи лековите во аптеките подостапни до граѓаните така што ќе ги зголемат квотите за лекови за околу 20 .00 денари месечно.
Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев посочи дека сите аптеки ќе имаат рамномерна распределба што значи дека нема веќе едно право лице да добие и до 40 насто поголема месечна квота. 650 илјади денари е сумата за максимален износ на квота по аптека, а како што се соопштува ќе има можности непотрошените лекови на рецепти да ги префрли во другите негови аптеки во подрачната единица.
Ќе треба да се почека за да се види дали ова е само сон или Дончев конечно ќе почне нешто да работи во ФЗОМ па, со овој потег квотите ќе ги зголеми и нешто ќе помогне на граѓаните, на македонските пациенти. Конечно дали ќе се случи нешто?