Ќамил Ибраими е новиот директор на Агенцијата за лекови. Во средата официјално ја презема раководната функција, откако на владина седница беше разрешен претходниот директор Роберт Бекироски. Ибраими е кадар на БЕСА, по партиските преговори за проширување владината коалиција со што ова место и припадна на оваа партија.
Тој е доцент на ДТУ по фармација. Докторирал во Тирана на Факултетот за медицински и технички науки на тема „Фармакокинетика и динамика на кардиалните гликозиди во срцевата инсуфициенција“.
Своето работно искуство го градел како управител на неколку аптеки и во претставништвото на една странска компанија. Која компанија не е наведено, бидејќи владата не смета дека тоа е податок кој треба да се јавно проследи, да не му наштети на новото работно место, посочуваат подобро упатените.
Неофицијално за Бекировски се подготвуваат измените во законот за лекови за да може вештачки да се отвори законска можност истиот да биде назначен како заменик директор на Агенцијата за лекови.
Во Предлог законот стои дека “од досегашното искуство во примената на Законот во делот на работата на директорот и функционирањето на Агенцијата се констатира дека, заради непостоење на заменик, во случај на отсуство на директорот, се јавува проблем во ефикасното вршење на работите“.
Од ведро небо ова назначување, каде е министерот за здравство да објасни, до кога партиските назначувања ќе предничат пред професионализмот и квалитетот?