Кампања за подигање на свеста за миење раце

Десет милиони бактерии има на еден метар квадратен во едно училиште,  покажуваат истражувањата во светски рамки. Секојдневната животна потреба  миењето раце е половина здравје го применуваат само половина луѓе, а…

Десет милиони бактерии има на еден метар квадратен во едно училиште,  покажуваат истражувањата во светски рамки.

Секојдневната животна потреба  миењето раце е половина здравје го применуваат само половина луѓе, а дел од нив рацете ги мијат само со вода. 80 проценти од заболувањата кај децата, но и кај возрасните се предизвикани од немиење раце.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат почнуваат со кампања во училиштата за миење раце. Најголем број од здравствените проблеми кај децата е токму поради немиење раце.

58 проценти од децата по употреба на тоалет мијат раце, со сапун 28 проценти девојчињата и осум проценти момчињата.

Како дел од едукацијата ќе биде и како да се чистат тоалетите. Акцијата почнува во општина Центар.Првата едукативна работилница ќе се одржи на 21 декември во ОУ„Киро Глигоров“.


Related Articles