Денеска претседателот на Мaкедонското лекарско друштво Горан Димитров, истакна на Свечениот собир во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето. МЛД постои 74 години и ќе продолжи да постои и понатаму. Годинава мoтото на Светскиот ден на здравјето е „Здравје за сите, здравје насекаде“.
На собирот се обрати и министерот за здравство Венко Филипче, кој ја потенцира посветеноста на Владата и на Министерството за здравство во унапредувањето на јавното здравје. Тој се осврна на реализираните проекти во здравството и нагласи дека еден од главните приоритети е осовременување на календарот на имунизација.
Тој додаде дека од крајот на месецов почнуваат со интензивни кампањи за подигање на свеста на населението и здравствените работници за важноста од вакцинацијата.
На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето присуствуваа заменик-мининстерот за здравство Гоце Чакаровски, претставници од МАНУ, декани на медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип, директори на приватни и јавни здравствени установи…