Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката за Хематологија ја заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар.

Овој нов апарат треба да ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа на клиниката.

Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата држава и во неа се дијагностицираат и следат ефектите од терапија и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести.