Квалитетниот сон, освен што е важен за здравјето и правилното функционирање во текот на денот, исто така влијае и на успехот. Еден од најважните чекори е да создадеме квалитетна рутина на спиењето, за да можеме да бидеме свежи и продуктивни. Тоа особено влијае на патот до успехот, а еве како тоа го применуваат неколку од најпознатите успешни луѓе во светот.
1. Ана Винтур
Уредничката на американското издание на „Вог“ секое утро станува во 5 часот за да тренира тенис и да може да ја среди фризурата пред да отиде на работа. Навечер, таа секогаш си легнува во 22 часот, за да може да биде доволно наспана и веќе следниот ден да влезе во улогата на најмоќна жена во модната индустрија.
2. Опра Винфри
Таа е една од најуспешните луѓе кои успеваат да функционираат со малку сон. Ноќе, заспива околу 2 часот по полноќ, но успева природно да се разбуди помеѓу 7.15 и 7.23 часот.
3. Ким Кардашијан
Познатата старлета и ријалити-ѕвезда верува дека квалитетниот сон е важен за да ја задржи својата популарност, па затоа навечер си легнува меѓу 22 и 23 часот, а секое утро е будна веќе во 6 часот.
4. Илон Маск
Тој е поборник на верувањето дека 6 часа се доволни за спиење. Секоја ноќ, тој легнува околу 1 часот по полноќ, а се буди наутро во 7 часот.
5. Бил Гејтс
Вториот најбогат човек во светот секоја ноќ спие по 7 часа, затоа што смета дека на тој начин може да биде максимално креативен следниот ден. Најчесто си легнува точно на полноќ.
6. Џесика Алба
Актерката и успешна претприемачка во областа на здравата исхрана, смета дека на секого му се потребни 8 часа квалитетен сон. Сепак, нејзиното време за спиење варира според дневните обврски, а три пати неделно станува наутро во 5.15 часот за да има време за редовниот тренинг.