Бебето Гиланг Андрика, кое сега има два месеца, е родено со две лица и два мозоци, но со само една глава и тело во  градот Батама во Индонезија.

Иако има само едно тело и еден пар на раце и нозе Гиланг е технички споен близнак, тоа е состојба која се јавува многу ретко еднаш во 2,5 милиони раѓања.

Неговите родители очајнички бараат помош, поради фактот што локалните доктори им рекле дека е невозможно близнаците  да се  одвојат со операција.

Инаку за време на бременоста докторите не откриле никакви аномалии кај бебето, освен фактот дека тоа имало голема глава. Инаку во медицината ова е многу ретко пореметување познато наречено дипросопус, што се смета за една од најретките деформации во човештвото. Таквите бебиња инаку најчесто умираат многу брзо по раѓањето.