Летото е еден од оние периоди во годината кога сите патуваат некаде. Најчестиот проблем кој се јавува при подолго патување е т.н. лошење. Тоа може да биде пропратено со нервоза, вртоглавица, повраќање, мачнина во желудникот. Најранливи се децата до 12 години и жените, додека мажите поретко го имаат овој проблем.
Многу родители не сакаат најмладите да бидат изложени на непотребни лекови уште од рана возраст, па затоа се свртуваат кон алтернативни методи, а кога станува збор за гадењето најдобро е да се посегне за ѓумбир.
Исечете малку свеж корен од ѓумбир и изедете еден грам, околу половина кафена лажичка, три часа пред патување.
Исто така може да ви помогне ако капнете две капки етерично масло или еукалиптус на марамче и повремено вдишувајте за време на возењето.
Држете ги очите затворени и ставете очила за сонце, задолжително избегнувајте читање и седете во правец на движење на возилото. Ќе ви помогне и да гледате во една точка, поточно, да бидете фокусирани и да не правите ненадејни движења со главата.