Секоја жена има тип на мажи коишто ја привлекуваат. Некои жени сакаат романтични мажи, други сакаат мачо мажи, а голема улога во изборот според астролозите има и хороскопот.

Огнени знаци – Овен, Лав, Стрелец

Жените припаднички на овие знаци не ги привлекуваат пристојни и добри мажи. Тие се во потрага по „лоши момчиња“ кои ќе внесат возбуда и акција во врската, па затоа често се со некој кој им предизвикува само проблеми.

Водени знаци – Рак, Риба, Скорпија

Водените знаци секогаш се подготвени за акција и се многу искрени мажи кои ги ценат истите работи кај потенцијалната партнерка. Доколку сте родени во еден од овие хороскопски знаци, ви треба маж кој сака излегувања, патувања и авантури.

Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

Жените коишто се родени во овие знаци обично се многу несигурни и им е потребен доминантен маж на кој можат да сметаат и кој со текот на времето ќе им помогне да изградат самодоверба. Воздушните знаци сакаат мажи кои преземаат иницијатива и се однесуваат заштитнички кон нив.

Земјени знаци – Девица, Бик, Јарец

Земјените знаци во животот бараат финансиска стабилност, па најмногу ги привлекуваат успешни мажи кои можат да им го обезбедат тоа, додека сите други вредности им се во втор план.