Коронавирусот полека станува дел од нашето секојдневие. Иако експертите во светот упорно се борат да пронајдат вакцина со која ќе можеме да се заштитиме од лесно преносливиот вирус, заштитните маски засега се единственото решение во борбата против истиот. Постојат различни типови на маски кои се продаваат по аптеките и маркетите и секако различни мислења околу тоа која е најбезбедна и нуди сигурна заштита.
Токму затоа група истражувачи од универзитетот Дјук создадоа едноставна техника за да ја анализираат ефективноста на различните типови маски. Во студијата, истражувачите со одделот за физика на Дјук демонстрираа употреба на едноставен метод со кој се користи ласерски зрак и мобилен телефон за да се процени ефикасноста на маските со проучување на преносот на респираторните капки за време на редовниот говор.
Визуелна направа покажува како ласерскиот зрак и снопот на светлината работат за да се фатат респираторни капки. Потоа едноставен компјутерски алгоритам ги брои капките што се гледаат во видеото.
Истражувачите тестирале 14 најчесто користени маски, вклучително и професионална маска N95, обично достапна за здравствени работници. Прво, тестот беше извршен со звучник кој зборуваше без да носат маска. Потоа, тие го повторија тестот, додека говорникот носеше маска. Секоја маска беше тестирана 10 пати.
Најефективна маска се покажала онаа со вградениот N95. Ефективни се и трислојни хируршки маски и памучни маски, кои многу луѓе ги правеле дома. Додека пак маски кои се ставаат и на вратот, најчесто користени од тркачи/спортисти, се покажаа како најмалку ефикасни. Преклопените марами и плетените маски, исто така, нудат слаба заштита.
„Ова е многу моќна алатка за визуелизација за да се подигне свеста дека многу едноставни маски, како овие домашни памучни маски, навистина се добри за заштита“, велат истражувачите. „Компаниите и производителите можат да го постават ова и да ги тестираат нивните дизајни за маска пред да ги произведат, што исто така би било многу корисно.