Кокосовото масло е едно од најпопуларните масла, а освен за подготовка на супер здрави јадења, можете да го користите и за козметички цели. Кокосовото масло веднаш станува маска за сува коса, а во комбинација со кафеав шеќер – одличен пилинг за кожата.
Кокосово масло за коса: Кокосовото масло е омилен природен сојузник на жените кои имаат сува или оштетена коса. По неколкумесечна редовна употреба на кокосово масло, наместо маска и регенератор за сува коса, се покажа дека косата станува посјајна и поздрава. Можете исто така да користите кокосово масло кога ја бојадисувате косата, со тоа што ќе нанесете малку масло по должината, на скалпот и околу ушите за да избегнете вашата кожа да добие темна боја.
Кокосово масло за лице: Кокосовото масло се покажа како мултифункционален производ во бањата, кој може да замени крем за лице, пилинг, маска за коса и отстранувач на шминка. Можете да нанесете кокосово масло директно на лицето во мала количина наместо крем, а можете да го додадете во вашиот пилинг, маска за лице или средство за отстранување шминка. Покрај тоа што ја негува и хидрира вашата кожа, делува против создавањето на првите брчки и пигментацијата, ја враќа еластичноста и влажноста на уморната кожа, го успорува процесот на стареење на кожата, помага и за намалување на разни инфекции на кожата.
Кокосово масло за заби: Од кокосово масло можете да направите и природна паста за заби. Кокосовото масло одлично делува против бактериите во усната шуплина, не содржи дополнителни бои и хемикалии и не содржи флуор.