На нашите простори, ракијата отсекогаш важела за омилениот пијалок и секоја вистинска домаќинска куќа мора да има барем по едно шише домашна ракија, која уживаме да ја пиеме со пријателите и семејството.

Ракијата се пие во сите прилики, но поголем број од луѓето велат дека пијат ракија во утринските часови, бидејќи тоа било рецепт за здравје и долговечност.

Ние одлучивме да истражиме дали е ова точно и што ќе ви се случи доколку секое утро пиете по една чаша ракија.

Истражувањето покажа дека алкохолот како ракијата, може да биде многу корисен, но само ако се внесува во мали количини. Така да, една чаша ракија дневно навистина може да ви помогне и позитвино да ви влијае на вашето тело.

Ако конзумирате по една чашка ракија секое утро, првата работа што ќе ви се случи е подобра заштита од бактерии и вируси. Бидејќи ракијата содржи голема концентрација на алкохол, таа ќе ги убие сите бактерии кои во текот на ноќта настанале во вашата уста и ќе ја прочисти целата.

Следната позитивна работа која ќе ја забележите е подобрување на циркулацијата и ширење на крвните садови, кои понатаму доведуваат до регулирање на крвниот притисок. Ракијата исто така го зголемува позитивниот холестерол, а го намалува лошиот холестерол, што е мнгоу важно за здрав и функционален организам.

Меѓутоа, ако сакате да ги постигнете овие ефекти од ракијата, тогаш никако не смеете да ја зголемите мерката и мора да се придржувате до една чашка. Докторите велат дека конзумирањето на големи количини алкохол може да доведе само до контра ефект и до труење на организмот кое никако не е добро и здраво.