Најновото истражување за бракот покажува дека до успех се доаѓа само доколку партнерите се слушаат еден со друг и прават компромиси. Кога кај мажот е поразвиена емотивната интелигенција и во ова учествува во иста мера како и спротивната страна, успехот во бракот е неминовен.
Во текот на истражување во кое учествувале 130 брачни парови е дојдено до заклучок дека браковите во кои мажите се подготвени за разговор и правење компромис се долготрајни.
Мажите многу тешко се отвораат и разговараат со партнерките. Оние кои ќе ја преминат оваа препрека и научат на почетокот на врската дека договорот е клуч за успех се на добар пат. За среќа во бракот се потребни големи количини на љубов и почит, но без вложување во врската успехот ќе изостане. Самата љубов не е доволна. Секој однос, особено партнерскиот, бара работа и вложување.
Караниците се составен дел од животот и понекогаш се пожелни бидејќи конфликтите носат можности за развој. Меѓутоа, ако караницата заврши и секој замине на своја страна, тука настанува проблем.
Секоја караница бара разговор и решение, а тоа го можат само емотивно интелигентите личности и личностите кои се на исто умно ниво.
Емотивната интелигенција е потреба за склад, доколку едната страна не е подготвена да се жртвува со текот на времето, односот нема да биде квалитетен.
Истражувањето покажало дека поуспешни се оние бракови во кои мажот знае кога треба да се повлече и да ја остави жената да води. На жените им е потребно тоа чувство на моќ.