Многу луѓе живеат во заблуда дека кравјото млеко е многу здраво и корисно, дека претставува висококвалитетна храна која содржи многу протеини и калциум.
Голем број научни истражувања докажуваат дека од конзумирање на кравјото млеко има повеќе штета отколку корист.
Заради вишокот на фосфор и казеин-протеин во кравјото млеко, човечкиот организам лошо го апсорбира калциумот, а не може ниту целосно да го преработи ниту казеинот, што доведува до негово трулење во цревата. Токсините кои се создаваат во текот на трулењето предизвикуваат киселост на организмот. Честата употреба на кравјо млеко, особено пастеризираното, пречи и за апсорпција на железото и предизвикува формирање на лигавица или слуз во организмот, што пак е причина за создавање на габички.
Непријатните последици на тоа се алергии, чести настинки, кивавица, анемија и астма. Истражувањата покажале дека постои поврзаност меѓу количинската и честа конзумација на кравјо млеко и некои сериозни заболувања како на пример дијабет и остеопороза, затоа што млекото го повлекува калциумот од коските , наместо да го додава, како што се сметаше со децении. Се зголемува и ризикот од атеросклероза и од циста на јајници.
Научникот Колин Кемпбел ја поврзува употребата на кравјо млеко и негови производи со ризик за канцер поради казеинотпоради закиселувањето на организмот. Кравјото млеко, бидејќи е веќе индустриски преработено и наменски создавано од добиток кој се храни со растенија полни со пестициди, хемикалии и лекови кои се даваат на животните како антибиотици и хормони, лоши услови за одгледување на стоката, па и процесот на пастеризација млекото, го чинат повеќе отров отколку здрава храна.
И јогуртот веќе не е толку корисен иако спаѓа во пробиотиците кои ја заштитуваат цревната флора. Вака индустриски преработен има мала доза пробиотици, но станува порција тешка за варење, често со многу додатоци како шеќери, конзерванси и вештачки адитиви. Сепак органското природно кисело млеко има подобри нутритивни вредности од овие индустриски производи кои траат со недели.
Затоа е препорачливо козјото млеко и млечни производи кои не содржат казеин и полесни се за варење. Козјото млеко е најблиску до мајчиното млеко. Исто така треба да се користи козјата сурутка која не содржи маснотии.