Со коронавирус во Србија се заразени три вработени во градинки, потврди вчера министерот за образование Младен Шарчевиќ.
Тој истакнал дека прво во Мајданпек заболеле две воспитувачки, а потоа во Лесковац и Власотинци. Тој нагласил дека и пред резултатите да бидат познати имале информации дека две воспитувачки се заразени со Ковид-19.
-Таму е одложен почетокот на работата, бидејќи тоа е мало места, една установа и одреден е карантин.
Воспитувачката од Власотинци која е позитивна на коронавирус на работа била 15 минути пред да и јават дека е позитивна на Ковид-19. Според српските медиуми, таа немала никакви симптоми и во моментов е во ковид-болницата во Лесковац.