На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 647, активни 145, Куманово – 418, активни 22, Дебар – 51, активни 0, Штип-38, активни 4, Прилеп –203, активни 59, Тетово – 151, активни 63, Струга – 71, активни 5, Велес – 126, активни 53, Битола –27, активни 8.
Охрид –21, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –21, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 1, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 3, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 1, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 1, Свети Николе-1, активни 1.
Направените 512 теста се преку: ИЈЗ –235, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –15, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –53, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -115. Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.