Американски и швајцарски научници спровеле истражување за тоа при колкав процент на влажност на воздухот, новиот коронавирус, Ковид-19, ослабува. Ова истражување е објавено во Годишниот преглед на вирологијата, од Универзитетот јеил.
Според ова истражување, Ковид 19 се пренесува од болни на здрави лица многу поретко при релативна влажност на воздухот од 40 до 60 проценти отколку при помала или поголема влажност. Ова би значело дека сувиот ладен воздух најмногу придонесува за заболувања со Ковид 19.
Експериментите со глувци, пак, покажале дека вирусите како САРС-КоВ-2 можат најлесно да се справат со релативна влажност од 50 проценти.
Научниците сметаат дека истражувањето им дава можност да направат врска помеѓу времето и ширењето на болеста. Тие повикуваат во текот на зимата да се користат навлажнувачи на воздухот и да се избегнуваат затворени места со слаба вентилација затоа што оваа инфекција главно се пренесува преку контакти на луѓето.
Во март, Медицинскиот центар на Универзитетот Стенфорд објави дека речиси секој петти заразен со новиот коронавирус се заразува и со други респираторни вируси.