Кромидот е вид на зеленчук без која не може да се замисли подготовката на скоро секое јадење во македонската кујна. Но освен како неизоставен зеленчук тој претставува и одличен лек во борбата против воспаленијата, алергиите и различните иритации на кожата.
Кога лупите кромид, никако не ги фрлајте остатоците бидејќи тие можат да помогнат на различни начини. Доколку ги потопите во вода и ги оставите да преноќат ќе добиете одличен раствор од кој е делотворен против воспаленијата, алергиите и осипите на кожата. Секако истово можете да го подготвите и со главицата кромид.
Бидејќи се наоѓаме во пресрет на летото вака подготвениот раствор можете да го оставите пред вратата или прозорецот и така ќе ги спречите досадните муви и комарци да влегуваат во домот.
Кромидот го намалува холестеролот, но тоа не значи дека треба да престанете да вежбате или здраво да се храните. Направете си супа од кромид и секојдневно по малку каснувајте. За подoбар вкус додадете малку мед.