Миленичињата имаат неверојатна моќ да ни помогнат да бидеме поздрави, посреќни и да живееме подолго. Всушност, науката веќе со години тврди дека луѓето кои имаат миленичиња се ментално постабилни.

Сопствениците кои избираат куче, без разлика дали е расно или мешано, се посреќни, посмирени и емоционално стабилни. Посвојувањето на куче од стационар носи многу бенефити – вие знаете дека некого сте спасиле, а за возврат добивате љубов во неограничени количини.

Ако сепак се решите да вдомите или купите расно куче, овие неколку раси се докажано најдобри за вашето емоционално здравје:

Златен ретривер

Најпознатата терапевтска раса, паметни, лојални и нежни, а во исто време и лесни за дресирање и стекнување навики.

Јоркширски териер

Бараат внимание, но и го даваат во огромни количини. Тие се одличен миленик за семејства со мали деца.