На денешната седница во собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска упати критика до заменик министерот за животна средина Јани Макрадули дека тој бил меѓу првите кои ја политизирале темата со загадувањето.
-Вие први почнавте да ја политизирате оваа тема, вие први шетавте со маски, одевте по протести, вие први ја изполитизиравте оваа тема и денес наместо да понудите стратегија, план не повикувате тука заеднички да го усвоиме законот и ние немаме ништо против тоа, се одлучивте на еден многу непопуларен начин да ја придобиете опозицијата да ја нвредувате со ад хоминем напади, а знаете како велат кога немаш аргументи тогаш навредуваш-нагласи Ласовка.
Ласовска упаати критики до заменик министерот за животна средина Јани Макрадули посочувајчи му дека поради неговото неработење веќе неколку кратно оскар за загадување добива Скопје а притоа вчера бил прв на листата на најзагадени градови во светот.
-После ќе се смени, ќе дојде на ред Куманово па Тетово и тоа е вашиот план, замислете почитувани граѓани овој министер кој што вели дека има план, вели дека сензорите за загадувањето биле порачани од Али Експрес или од Али Баба а јас би рекла што да кажам на оваа освен дека сте дрзок шегобиец-истакна Ласовска.
Во понатамошната дискусија Ласовска му прочита писмо на заманик министерот за животна средина Јани Макрадули кое му го испратиле од граѓанска асоцијација и каде што упатуваат жестоки критики до него и велат дека за се она што се договориле како и за се друго во овие три године не го испорачале и испочитувале како власт.