Синуситисот е проследен со силна главоболка или пак напнатост при врвот на носот, над вегите или пак образите, а на многумина кај таквите болки не им помагаат класичните аналгетици. Наместо да пиете такви препарати, обидете се со природно решение.
Неверојатен сојузник во борбата против синусите е – ренот. Измиете го, ставете во тегла па прелијте со вински оцет, а потоа добро затворете. Смесата држете ја десет дена на собна температура со повремено мешање.
После десет дена, неколку пати дневно отворете ја теглата и длабоко вдишете го мирисот на рен по пет минути. Истата течност ноќта нанесете ја на крпа или газа и преминете по челото или ставете ја во тој предел. Терапијата трае пет дена, а токму толку ќе ви бидат потребни да се оттарасите од незгодните главоболки.
Едно од решенијата е и да наберете 50 грама рен, да го ставите во пет децилитри вода и да го сварите. Споменатата мешавина искористете ја за парење (ставете ја главата над садот и длабокот вдишете неколку минути.