Лекар од Словенија се зарази со Ковид-19 откако бил вакциниран со две дози против коронавирусот

Словенски лекар, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се зарази со ковид 19 откако претходно беше вакциниран со две дози од вакцината против коронавирусот, потврди втората по големина словенечка…

Словенски лекар, вработен во Клиничкиот центар во Марибор, повторно се зарази со ковид 19 откако претходно беше вакциниран со две дози од вакцината против коронавирусот, потврди втората по големина словенечка болница.

-Лекарот неодамна се вратил од Африка, па се претпоставува дека можеби бил заразен со јужноафриканскиот вид на вирус, што сè уште не е докажано, пренесуваат медиумите.

Како што објавија од телевизиската станица ПОП-ТВ, повторна инфекција е можна бидејќи ниту една вакцина не е стопроцентна ефикасна, а откако ја потврдиле инфекцијата со ПЦР-тест, тие постапиле според пропишаниот протокол и ги информирале епидемиолозите.

Како што изјави на редовната владина конференција денес микробиологот Цаја Шохар Шетник од Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна, на микробиолозите им треба најмалку една недела да го следат геномот на вирусот и да го потврдат видот, а не е забележан ниту еден случај на јужноафриканскиот вид.


Related Articles