Левица остро реагираше по информација дека детската кардиохирургија ќе се сели во приватната клиника „Жан Митрев“. Според нив, овој потег е погрешен.
„Детската кардиохирургија се сели кај „Жан Митрев“ – со овие зборови медиумите ја пренесуваат веста за ПРИВАТИЗАЦИЈАТА на уште еден дел од здравствениот систем. Наместо да инвестира во подобрување на државното здравство, Владата истото го распродава, а државниот буџет го троши на атлантски интеграции. Сега, и судбината на бебињата до една година со најтешки срцеви маани ќе биде препуштена во рацете на профитот, а колачот од зделката ќе го делат корумпираните политичари и бизнисмените“, велат од Левица.