Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, Градоначалникот на О. Илинден, Александар Георгиевски, вработените во детската градинка, жителите на ова населено место, присуствуваше на свеченото отворање на доградбата на Јавната установа „Гоце Делчев“ во Општина Илинден. Проширувањето на капацитетот на градинката значи и влез на нови 24 деца од оваа општина.
Во своето обраќање пред присутните министерот Лимани го истакна значењето на вложувањето во раниот детски развој како приоритет на оваа Влада.
„Во соработка со општините кои најдобро ги знаат потребите на граѓаните, продолжуваме да инвестираме во изградба на објекти и содржини кои ќе им овозможат на децата да растат, учат и се развиваат, на најдобар можен начин. Посветено ќе работиме и на намалување на листите на чекање, затоа што секое дете е важно и секое дете треба да е вклучено во воспитно-образовниот процес. Затоа што, раниот развој на децата е клучен за обликување на нивните идни способности, вештини и здравје,“ посочи Лимани.
Покрај значењето на градбите тие да бидат дизајнирани така што ќе обезбедат безбедност и ќе го поттикнуваат развојот на децата, Лимани ја истакна и важноста на стручните лица кои работата со деца и вложувањето во зајакнување на нивните компетенции.
„Нека нашата посветеност биде инспирација за сите нас да продолжиме со оваа важна работа. Среќно нека е!“ порача Лимани.