На распит во ОЈО во текот на денешниот ден била повикана службеничка од Министерството за труд и социјална политика за која се води предистражна постапка за мито и корупција при посвојување на деца.

ОЈО истражува дали Ленче К. која претодно беше посочена во медиумите, барала пари за да го дозволи финалниот потпис на посвоителката Кристина Кузмановска.

Отворена е постапка по дадени информации од анонимен дојавувач за случајот од 2013-та година, откако сторијата беше објавена во медиумите.

Повеќе детали не се соопшстуваат со образложние дека станува збор за предистражна постапка.