Сите сакаме во летниот период да се разладиме со лубеница, а освен што е навистина вкусна и освежителна, таа е и извор на витамини и здравје за организмот.91% од составот на лубеницата е вода. Тоа значи дека ја има моќта да нè хидрира во пеколните жештини без додатните калории.
Има само 30 калории во 100 грама.
Исто така, богата е со витамин А и витамин Ц кои позитивно делуваат на нашето здравје.
Има и изобилство диетални влакна и е одличен извор на калиум, кој го регулира крвниот притисок и работата на срцето.