Истражувањето кое го објави Европското кардиолошко здружение опфаќа анализа на податоци на повеќе од 1,3 милиони луѓе, а резултатите покажаа дека ризик од кардиоваскуларни проблеми има повеќе за девет отсто кај крвните групи А, Б или АБ отколку кај луѓето со нулта крвна група.
Се смета дека луѓето со „поризични“ крвни групи имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да предизвика тромбоза на артерии, што е една од главните причини за срцев и мозочен удар, но и белодробна емболија.
Експертите нагласуваат дека се потребни уште многу истражувања за ова да се утврди со стопроцентна сигурност, како и низа истражувања за причината од поголем ризик кај луѓето со крвна група А, Б или АБ.