Американската асоцијација за срце предупредува дека во овие намирници се додава најмногу натриум. Доколку имате проблем со високи крвен притисок потребно е да го намалите внесувањето на храна која што содржи натриум.
Американската асоцијација за срце истакнува дека натриумот доведува до повлекување на водата од крвните садови и создава вишок крв што предизвикува зголемен крвен притисок. Исто така, докажано е дека најмногу натриум внесуваме преку солта која што во прекумерна доза ја има во брзата храна и храната од рестораните.
Токму овие намирници имаат најмногу натриум и би требало да ги избегнуваат оние луѓе кои боледуваат од висок притисок:
1. Кифли и переци – еден перек може да содржи и до 230 милиграми натриум.
2. Сувомеснати производи – и до 2.000 милиграми натриум во 100 грама.
3. Пица – едно парче пица може да содржи и до 760 милиграми натриум.
4. Пилешко месо – само во 100 грама готово пилешко поховано месо има 600 милиграми натриум.
5. Супа од ќесичка – една шолја супа од ќесичка содржи и до 940 милиграми натриум.
6. Мрсно говедско месо.
7. Јагнешко месо.
8. Свинско месо.
9. Путер.
10. Сирење.
Познато е дека прекумерното консумирање шеќер доведува до гојазност, висок крвен притисок и холестерол. Меѓутоа истражувањето покажало дека внесувањето на шеќер може да влијае и на зголемување на крвниот притисок, без оглед на телесната тежина на човекот. Тоа е уште една причина повеќе да ги исфрлите слатките работи од вашето мени:
11. Сокови.
12. Слатки млечни производи, како што се овошен јогурт или сладолед.
Доколку консумирате храна која што содржи трансмасти ризикувате да го зголемите вашиот холестерол, да заболите од срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес тип 2. Доколку патите од висок крвен притисок исфрлете ја и оваа храна од менито:
13. Пуканки.
14. Маргарин.