Македонија се најде на дното и на листата за состојбата со вакцини против Ковид-19

Република Македонија се најде на дното на уште една листа во светот. На списокот објавен од страна на агенцијата Блумберг за тоа како земјите во светот напредуваат со вакцинацијата само…

Република Македонија се најде на дното на уште една листа во светот. На списокот објавен од страна на агенцијата Блумберг за тоа како земјите во светот напредуваат со вакцинацијата само Египет, Парагвај, Островот Света Елена и Гвинеја имаат помалку вакцини од Македонија. Дали со ова Министерот за здравство Венко Филипче конечно ќе ја признае својата неспособност и ќе преземе одговорност за состојбата во која се наоѓа државава, прашуваат граѓаните на социјалните мрежи.

За само една недела бројот на новозаболени од КОВИД-19 е зголемен за околу 60 отсто во споредба со претходната недела. Во исто време додека британскиот сој забрзано се шири, во понеделникот беше одложен и состанокот на Комисијата за заразни болести. Македонија со сигурност го доживува третиот пик предизвикан од британскиот сој на вирусот за кој сите земји зборуваат дека може да биде најстрашен досега.

Откако премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче повеќе пати најавуваа пристигнување на вакцини и истите најави се покажаа како невистинити и земјата не успеа да обезбеди ниту една вакцина преку директна набавка освен осумте илјади кои беа добиени како донација од Србија.

Инаку состојбата со вирусот веќе е загрижувачка во градовите во кои е присутна британската мутација на вирусот, а поради нагло зголемениот број на случаи и крајно сериозната состојба во Неготино на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на општината меѓу повеќето донесени заклучоци беше побаран и карантин за градот.


Related Articles