Имено ова утро во Кавадарци се измерени рекордни 324 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, додека веднаш зад овој македонски град се наоѓа скопско Лисиче со 235 микрограми на метар кубен.
Потоа следува Тетово со 213 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, па скопско Миладиновци, Струмица и скопски центар.
Но освен во регионот Македонија утрово е најзагадена земја во светски рамки, а Скопје петти најзагаден град во светот!
На првото место според светската страница за следење на загаденоста на воздухот „Аирвижн“ се наоѓа Курдистан, додека веднаш зад неа е Босна и Херцеговина, па Индија, Косово и Македонија.
И додека власта молчи, граѓаните и оваа 2020 година ја започнаа со големо разочарување поради неисполнетите ветувања од страна на градоначалниците од СДСМ.
Инаку за потсетување до 2020 година заменик министерот за животна средина Јани Макрадули во 2017 година тврдеше дека ќе се забрани употребата на јагленот да се користи за греење.
Секако иако веќе сме на почетокот на последната година од неговото ветување јавноста е скептична дека овој проблем како и секој ветен ќе биде решен за само 350-тина дена од денеска…
За оние кои не паметат СДСМ во нивната програма наречена „Живот за сите“ 2017-2020 во врска со здравата животна средина ветија брда и долини кои за жал граѓаните се уште чекаат да бидат исполнети лагите на власта.